Кабелска телевизија или Community Antenna Television (CATV) е систем за пренесување на телевизија и радио дирекно до приемниците на корисниците.
 Кабелската телевизија (CATV) испраќа голем број на канали кои се собрани во една централна точка и се испраќаат до корисниците преку оптички и коаксијални кабли и широкопојасни засилувачи. Користењето на различни фрекфенции дозволува многу канали да се дистрибутираат преку еден кабел без да има потреба да се праќа посебна жица за секој канал посебно. Тјунерот на телевизорот одбира еден канал од вкупниот сигнал на кабелот го обработува и го пренесува на екранот. Традиционално кабелската телевизија работи преку праќање на аналогни сигнали, но во поново време се повеќе се користи дигиталната технологија за испраќање компресирани дигитални сигнали. Дигиталната технологија овозможува испраќање на многу повеќе програми од аналогната. Дополнителните сервиси: Pay-TV, Pay-Per-View, Video-On-Demand и т.н. се само мал дел од можностите што дигиталната технологија ги нуди.  Коаксијалните кабли се способни за двонасочно испраќање на сигнали и испраќање на голема количина на податоци. Телевизијата користи само мал дел од максималниот проток на коаксијалните кабли. Тоа остава голем простор за развој на други дигитални технологии како широкопојасен интернет и кабелска IP телефонија.Инфел CATV ви нуди непрекинато емитување на 60 телевизиски канали реемитувани во аналогна технологија и 70 телевизиски канали реемитувани во дигитална технологија. Бројот на дигиталните канали постепено ќе се зголемува на сметка на аналогните, што е во согласност со законската обврска сите кабелски оператори да реемитуваат само во дигитална технологија до 2012 година. |