Услугата за преносливост на број му овозможува на корисникот да го задржи постоечкиот телефонски број при преминување на нашата мрежа. Со цел да им олесниме на нашите корисници, Инфел-КТВ ја спроведува целата процедура без надомест и корисникот се што треба да направи е да пополни барање и да го достави во нашиот наплатен центар.
Цената на услугата од 236 ден. со вклучен ДДВ корисникот ја плаќа со последната сметка од операторот чија телефонска услуга ја користел до префрлувањето (T-Home, One итн).
Постапката е следна:
- Корисникот пополнува барање во наплатниот центар на Инфел-КТВ со податоци идентични од сметката која ја добива од постоечкиот оператор. Единствен услов е да ги има подмирено сите обврски кон операторот чија услуга во моментот ја користи (Т-Home, One итн.) и да не биде раскинат договорот со тој оператор.
- Додека трае оваа процедура, доколку сака, корисникот има можност да добие телефонска линија со привремен број на Инфел-КТВ.
- Барањето се поднесува до операторот и постапката трае најмногу до 5 дена.
- Корисникот се известува дали неговото барање е прифатено или одбиено.
- Барањето може да биде одбиено во следните случаи:
- Неплатен долг
- Откажан договор, што автоматски значи дека корисникот го откажал и бројот кој го поседувал
- Погрешни податоци